Во Илјада деветстотини деведесет и осмата сцена на филмска лента денеска НАСА испиша историја. Сцената од филмот Армагедон но со нови актери и во реалност во живо се пренесуваше на сите светски медиуми. Леталото на вселенската агенција ДАРТ успешно удри во астероидот Диморфос, а целта беше истражување кое треба да утврди дали може да се промени неговата траекторија на движење. Доколку извештаите во наредниот период покажат дека успеале во намерата, човештвото во иднина ќе има оружје во ракав во справување со овие природни процеси кои се закануваат на опстанокот на планетата земја. Леталото без екипаж успешно ја заврши зададената задача и удри на 17 километри од центарот на астероидот.
Минута молк а потоа еуфорија и аплаузи во тимот кој раководеше со целата операција за успешната мисија откако беше потврдено дека целта е постигната.
Овој астероид не беше закана за земјата но беше добар модел на кој можеше да се изведе вакво истражување. Сепак ќе помине уште некое време копнените опсерватории ширум светот, вклучително и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, да потврдат дали Дарт успешно го променил движењето на астероидот.
Тамара Марковска