Вести Култура

Филмови со особен авторски израз на 14-то издание на „Македокс“

Филмови со особен авторски израз, вкупно 75 на број, ја сочинуваат програмата на 14-от Меѓународен фестивал на креативен документар филм „Македокс“, кој започна на 17, а ќе трае до 24 август. Мотото на фестивалот е „пресечи“, зашто тематскиот фокус е на филмската монтажа.

„Нас ни беше важно повеќе од формата да се понуди нов израз, нов начин како една приказна за било што, може да биде раскажана. И сакавме, затоа оваа година имаме огромен број на гости кои се монтажери од цел свет. И би сакале да им дадеме поголемо значење, не само затоа што лично мислам дека монтажерите се автори, дека најголем дел, најтешкиот дел од документаристиката се случува во монтажа. И тие се соучесници во процесот на создавање. И затоа оваа година ни е посветена на монтажата, на резот. Имаме одлични мастер класи, имаме одлични работилници, изјави Петра Селишкар, уметнички директор на „Македокс“.

Мастер клас одржа Владимир Гојун, професор по монтажа на Академијата во Загреб, кој соработуваше со нашиот Атанас Георгиев на документарецот „Плати и жени“. Вели, со младите документаристи разговарале како да се надминат замките со кои како автори или монтажери се соочуваат при работата на документарни филмови.

„Пред сè, мислам на ситуациите како од таа голема количина материјал да се пронајде самата есенција, самата суштина на приказната, самата суштина на ликовите. Но, исто така им беше укажано дека тие всушност не би требало да им робуваат на таквите форми, затоа што многу енергија вложуваме додека го создаваме документарниот филм, за да предизвикаме некакви емоции. Но, пред сè, тоа се емоции кои ние како автори можеме да ги препознаеме, да ги извлечеме од контекстот и потоа да ги ставиме во нов контекст, во ново значење , со кои ја градиме целата приказна. Ги развиваме ликовите и при тоа на дејствието му даваме некаков сјај“, вели Владимир Гојун, професор по филмска монтажа.

Програмата на годинашниот „Македокс“ е поделена во пет натпреварувачки целини, плус „Земја во фокус“, која годинава е Данска. А, во главната програма за наградата „Кромид“, тричленото жири од Украина, Србија и Мексико ќе го бира победникот меѓу 10 документарци. По кои критериуми ќе оценува жирито?

„Главниот критериум кога гледаме филм е да има возбуда во содржината. Филмовите да се добри за публиката, но исто така да се добро направени и да ви раскажат приказна која вие можеби не сте ја виделе, можеби не ви е блиска, па ве изненадува. Да ве замисли и кога ќе се вратите дома да зборувате за тоа. Знаете, тоа е најдобриот начин за да се гледаат филмовите, овие величествени филмови , што ги има „ Македокс“, истакна Родолфо Кастилјо Моралес, член на жири за главната програма.

Новина овојпат е просторот во Сули ан, каде се прикажуваат филмови, а во Куршумли ан вљубениците во документаристиката вечерва и утревечер не смеат да го пропуштат диптихот на Мила Турајлиќ, за неврзаните и алжирската борба за независност, прикажани низ објективот на снимателот на Тито, Стеван Лабудовиќ и филмот на Петра Селишкар „Тело“, за силата на волјата за живот, наспроти автоимуните болести на нејзината протагонистка Уршка. Овие филмови доаѓаат на „Македокс“ по проекциите на „Сараево филм фестивал“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе