Семејно насилство во Македонија низ бројки

23 November, 2017 - 10:28
инсајдер

Семејно насилство во Македонија низ бројки

Семејното насилство е меѓучовечкa појавa кога одреден член на семејството, партнер или поранешен партнер со примена на сила, закана или заплашување врши телесни повреди, емоционална и сексуална злоупотреба врз друг член на семејството.

Како појава, за жал на нашите простори ни е добро позната за што сведочат и статистиките. Семејното насилство е во пораст и во првите 6 месеци од 2017 година имаме страшни бројки.

Ситуацијата е уште полоша кога ќе се земе во обѕир дека најголемиот дел на случаите на семејно насилство и не се пријавуваат. Најчесто жртвата одлучува да премолчи. Причини за тоа се срамот, стравот од одмазда, економската зависност од партнерот, немањето поддршка од семејството или од општеството и неволноста на жртвата да си признае на себеси дека е жртва. Постојат многу митови поврзани со семејното насилство. Еден од најголемите е дека тоа е приватна, семејна работа и дека целиот проблем е претерано нагласен. Напротив, семејното насилство е сериозен општествен проблем со кој мораме да се соочиме и да пружиме поддршка на жртвите.

ИЗВОРИ: http://www.libertas.mk/ , министерство за внатрешни работи на РМ #БидиИнсајдер

Веста е прочитана 82 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.