По двата одиграни меча во поединечна конкуренција Дејвис куп репрезентацијата на Македонија успеа да избори опстанок во третата група.
Македонија води против Лихтенштајн со 2:0 откако Берк Бугариќ за само 49 минути во два сета со 6:2 и 6:0 го совлада Ерик Пепард додека во вториот дуел Обрад Марковски во соочувањето против Андреј Спасоевиќ славеше со 6:0 и 6:2 во меч што траеше 47 минути.
Дуелот во игра на двојки во кој ќе настапат Марковски и Горазд Србљак нема никакво резултатско значење бидејќи Македонија веќе забележа победа.
ФОТО: Игор Паневски