Ден на жалост во Грција, 17 загинати во поплавите

16 November, 2017 - 11:15

Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост во земјата поради жртвите од поплавите, во кои загинаа 17 лица, а уште толку се повредени.

„Прогласувањето национална жалост е најмалку што можам да направам“, рече Ципрас, и додаде дека ќе се направи „целосна истрага  за да не се повтори катастрофата“. Тој најави дека Владата ќе им помогне на семејствата на жртвите со сите можни средства, како и на домаќинствата и претпријатијата зафатени од катастрофалните поплави.

Помош за Грција по деструктивните поиплави најави и Европската комисија. Според Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, меѓу загинатите се 10 мажи и пет жени, додека 11 мажи и шест жени се повредени. Метеоролозите и за денеска најавуваат бура и поројни дождови во Грција. 

Веста е прочитана 889 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.