Код: Со санитетско возило терористите од Отља се префрлиле во Диво Насеље

12 November, 2017 - 16:54

Рано утрото повеќе од десетина припадници на кумановската група биле во Отља, но наредниот ден не биле таму, туку во Диво Насеље.

Подоцнежната истрага открила дека терористите и оружјето од Отља се префрлиле во Куманово, без никој да ги забележи и тоа користејќи државно возило. Биле натоварени во медицинско возило од кумановската болница и од Отља се префрлиле во Диво Насеље. Транспортот бил изведен без да ги забележат разунавачките извори.

Сценариото е дека, групата во Отља добила повик и им било кажано дека акцијата е закажана и дека специјалците ќе настапат добро подготвени, со позиции од ридот над селото. Им било препорачано веднаш да се префрлат на друга локација. Наместо да се упатат кон планина, тие преку своите врски договориле превоз со возило на кумановската итна помош и стигнале во градот.

Досега не е соопштено како таа информација е доставена до припадниците на групата.

Но немало разузнавачки информации дека со итна помош, тричлената група во Диво Насеље добила големо засилување. Не е откриена ниту вистинската бројка на групата. Раководителите на овој дел од полициската операција располагале само со стари информации.

Гледајте повеќе во КОД во 19.15 по вестите на Телма.

Веста е прочитана 23283 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.