Претседателот на Зимбабве во домашен притвор

15 November, 2017 - 11:05

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство се наоѓаат во домашен притвор.

Според локалниот медиум, 93-годишниот шеф на државата, кој е 37 години на власт, се подготвувал да поднесе оставка.

Владејачката партија на Зимбабве, ЗАНУ-ПФ објави на твитер дека Емерсон Мнангагва е назначен за привремен претседател на државата наместо 93-годишниот Роберт Мугабе.

75-годишниот Мнангагва беше потпретседател на Зимбабве се додека владата не го разреши поради „нелојалност“. Таа смена беше примена како подготовка за сопругата на Мугабе да ја преземе власта од него, бидејќи таа претходно сама побарала од сопругот смена на Мнангагва.

Партијата негира дека во државата е извршен воен удар туку дека случувањата во Хараре биле „пренесување на власта без пролевање крв“. 

Војската синоќа ја презеде власта во Зимбабве, нагласувајќи дека не е извршен државен удар, туку само интервенција против „криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“. Тие истакнаа дека претседателот и неговите најблиски се на безбедно и се живи и здрави.

Веста е прочитана 702 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.