Притвор за Муковски, Арнаудов и Василевски

5 December, 2017 - 15:05

За двајца од пратенците обвините за инволвираност во насилствата во собранието судот изрече мерка притвор. Станува збор за Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Како што известува нашиот репортер Павле Беловски за останатите тројца кои се изведени денеска пред судија од предистражна постапка се очува во текот на денот судот да донесе одлука. 

На распит во Кривичниот суд во Скопје денеска беа донесени пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски.

Согласно Законот, по завршувањето на распитот, судиите на претходна постапка се должни најдоцна за шест часа.

Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него.

Шестемина пратеници пред судот ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка.

Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Во петокот, Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот, а известувањето до Кривичниот суд од Парламентот пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Веста е прочитана 10282 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.